Сигурен род е само осигурениот

Bez autora
Aug 24 2011

Земјоделците не се заинтересирани за осигурување на насадите и на родот. Лани од 70.000 регистрирани земјоделци се осигурале помалку од 1.000. Годинава една недела пред крајниот рок за пријавување има поднесено само 800 барања. Податокот е фрапантен ако се знае дека од полисата дури 60 отсто од сумата ги покрива државата. Земјоделците велат дека и покрај субвенциите, полисите се прескапи за нивен џеб. Само неколку компании нудат осигурителни полиси за земјоделците - тврдат земјоделците. Според нив, осигурувањето не се прави и поради цените на полисите кои се многу високи и неисплатливи. Во компаниите го потврдуваат ова и објаснуваат дека состојбата е таква поради незаинтересираноста на земјоделците да го осигураат својот принос...

Сигурен род е само осигурениотЗемјоделците не се заинтересирани за осигурување на насадите и на родот. Лани од 70.000 регистрирани земјоделци се осигурале помалку од 1.000. Годинава една недела пред крајниот рок за пријавување има поднесено само 800 барања.

Податокот е фрапантен ако се знае дека од полисата дури 60 отсто од сумата ги покрива државата. Земјоделците велат дека и покрај субвенциите, полисите се прескапи за нивен џеб. 

- Само неколку компании нудат осигурителни полиси за земјоделците - тврдат земјоделците. Според нив, осигурувањето не се прави и поради цените на полисите кои се многу високи и неисплатливи. Во компаниите го потврдуваат ова и објаснуваат дека состојбата е таква поради незаинтересираноста на земјоделците да го осигураат својот принос. Експертите, пак, објаснуваат дена незаинтересираноста за вакво осигурување придонесува компанијата да нема економска исплатливост да вработува стручни кадри како агрономи и ветеринари кои би ја проценувале штетата.

Во осигурителните компании велат дека генерално не го работат овој тип на осигурување поради негативните резултати што ги добиваат.

- Каде и да отидете во осигурителните компании, ќе ви кажат дека не работат со осигурување посеви, овошни или лозови насади. Цените, пак, се посебна приказна - велат во Здружението на земјоделци на Македонија. Според нив, и компаниите кои го прават земјоделското осигурување, дозволуваат осигурување на принос кој е нереален.

Земјоделците се виновни

- До пред две години работевме и со овој тип на осигурување. Малиот интерес и слабата заштита од градобитни облаци се само дел од условите поради кои веќе не осигуруваме земјоделски посеви и насади. Во нашата осигурителна компанија нема вработено ниту луѓе кои се стручни од оваа област за да ги утврдат реалните штети - велат во осигурителните компании.

Осигурителните друштва велат дека се случува земјоделците да ја платат само првата рата за полисата и доколку нема штета да крајот на реколтата, воопшто да не се појават. На име на неплатени полиси оттаму велат дека секоја година отпишуваат нечии долгови. 

Во дел од компаниите велат дека и покрај малата заинтересираност од страна на земјоделците, сепак има вработено и стручни лица за процена како ветеринарен лекар, техничар и агроном кои се оспособени за реална процена доколку настанат штети од елементарни непогоди.

Сите осигурителни компании се единствени во едно - дека цените се можеби високи за нашите земјоделци, но дека може да се намалат само ако се зголеми бројот на лицата кои ќе се осигураат. Во Министерството за земјоделство објаснуваат дека земјоделците мора да почнат да се осигуруваат бидејќи ова е единствен начин да се заштитат. 

- Противградобитните ракети веќе не можат да дејствуваат на одредени места бидејќи се пренаселени и единствена заштита е полисата - велат во Министерството. 

Експертите објаснуваат дека Владата може да најде начин да влијае врз земјоделците за да се осигураат. Може да ги користи примерите од соседните земји каде што премиите и субвенциите не се исплаќаат ако земјоделците не се осигурени.

Финансиска поддршка

Министерството за земјоделство годинава со половина милион евра ќе ги субвенционира осигурувањето на примарното земјоделско производство од основни ризици и вршењето на педолошки и на агрохемиски анализи на почвата. 

- Со 35 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година државата ќе покрие 60 проценти од вредноста на полисата за осигурување - велат во Министерството за земјоделство.

Оттаму објаснуваат дека согласно Програмата, прифатливи трошоци кои ќе се кофинансираат се оние за осигурување на најмногу 5 хектари лозови и овошни насади, до 2 хектара градинарски култури, најмногу еден хектар насад со тутун и до 10 хектари житни култури.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik